Сунак: Западот е подготвен со години да го поддржува Киев во војната со Русија


Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека западните сојузници се подготвени „ со години“ да ја поддржат Украина во војната со Русија.


Сунак на конференција за одбрана во Лондон изјави дека руската стратегија „на чекање луѓето (на Запад) да се уморат, да им стане досадно. . . нема да функционира“, пишува Фајненшл тајмс.


-Сега разговараме со сојузниците за тоа какви долгорочни мултилатерални и билатерални безбедносни договори можеме да склучиме со Украина, додаде Сунак, пренесува Гардијан.  сд/ .

Извор: МИА