СВЕТ

Една жртва при уривање на трибина на училишен стадион во Ростов на Дон

– Една жена загина, а 26 лица, меѓу кои 15 деца, се повредени кога вчера се урна трибина за гледачи на стадион на територијата на спортско училиште во рускиот град Ростов на Дон. Инцидентот се случил за време на детски фудбалски турнир соопшти гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев. Според …

Повеќе »

Тројца кандидати за претседателската функција на Летонија

Пратениците на еднодомниот парламент (Сејм) на Летонија денеска ќе гласаат за нов претседател. Актуелниот шеф на државата Егилс Левитс не се кандидира за втор мандат и ќе ја извршува функцијата до 8 јули, јави ДПА. За највисоката државна функција во републиката има тројца кандидати. Во конкуренција за функцијата се 42-годишната …

Повеќе »

МААЕ претстави пет принципи за да се спречи нуклеарна несреќа во Украина

– Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска ги повика Русија и Украина пред Советот за безбедност на ОН да поддржат пет „конкретни принципи“ за да се обезбеди безбедноста на украинската електрана во Запорожје и да се избегне нуклеарна несреќа. – Имаме среќа што сè уште не се …

Повеќе »

Штрајк на затворските службеници во Романија

– По вработените во образованието, железницата и здравството, денеска штрајкуваат и околу 5. 000 службеници во затворите во Романија. Тие најмалку четири часа ќе одбиваат дополнителна работа и со тоа ќе ги замрзнат посетите, програмата за пешачење и појавувањето на притворените пред суд, се вели во соопштението на Националниот синдикат …

Повеќе »

Лула да Силва предложи јужноамериканските лидери да создадат нова валута конкурент на американскиот долар

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва им предложи на јужноамериканските лидери собрани на самитот во Бразилија да создадат нова валута – конкурент на американскиот долар. „Денеска ги преземаме нашите први чекори за да го продолжиме дијалогот меѓу нас“, рече тој на отворањето на состанокот пред неговите јужноамерикански колеги, од …

Повеќе »

Евростат: Во ЕУ жените се пообразовани од мажите

– Во земјите-членки на Европска Унија во 2022 година 42 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години имале високо образование, објави денеска Евростат. Овој удел е за еден процент поголем од 2021 година, но сепак е под зацртаната цел на ЕУ, која сака 45 отсто од младите …

Повеќе »

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите од украинските окупирани територии

– Русија додели 1,5 милиони пасоши на жителите од украинските регионите што се под руска окупација, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин. Тој додаде дека одлуката е донесена со цел Москва да ја зајакне својата контрола врз тие области. Некои од жителите на украинските региони за западни медиуми изјавија дека …

Повеќе »

Русија го обвинува Западот за „непромислените“ напади врз Москва

Поддршката на Западот за Украина го „турка“ Киев кон „се повеќе непромислено“ однесување, се наведува во денешното соопштение од руското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи нападот со беспилотни летала врз Москва, за што Русија ја обвини Украина. – Нападот имаше за цел ширење паника меѓу цивилите, се истакнува во …

Повеќе »

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово (ДПЛ)

НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата. Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување …

Повеќе »