СВЕТ

На 2,8 отсто намалена инфлацијата во Грција, но цените на прехранбените продукти остануваат високи

– Годишната инфлација во Грција во месец мај дополнително се намалила и изнесува 2,8 отсто, меѓутоа цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика јави дописничката на МИА од Атина.  Инфлацијата се намалила за 0,2 проценти во споредба со еден месец претходно, но намалувањето …

Повеќе »

Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е „неприфатлив“. „Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат на сила да ги преселат мигрантите во Унгарија“, рече Орбан, а на Твитер го постира портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач. Тоа, …

Повеќе »

Нетанјаху: Израел ќе направи се за да се одбрани од Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека дипломатијата не успеала да го спречи Техеран да развие нуклеарни капацитети и дека неговата земја ќе направи се што е потребно за да се одбрани од Иран. Нетанјаху во интервју за Скај њуз ги отфрли напорите на САД за решавање на кризата само …

Повеќе »

Источниот дел на САД покриен со дебела маглива прекривка, многу активности откажани 

Штетниот за здравје воздух што ги покри градовите и населените места од североистокот на САД се концентрира во централниот атлантски дел на земјата, додека  димот од шумските пожари што уште беснеат во Канада натера милиони луѓе да се навикнуваат на магливото небо. Прогнозите се во наредните денови димот да се …

Повеќе »

На аеродромот во Тирана лани минале 5,2 милиони патници

Премиерот Еди Рама објави дека меѓународниот аеродром во Тирана е единствениот аеродром во Европа што  100-отстотно го надминал закрепнувањето по пандемијата. За време на инаугурацијата на компанијата „Рајанер“ (Ryanair) на аеродромот „Ринаси“, премиерот ги предочи податоците на Европската авијација, која го рангира овој аеродром како прв во Европа по овој …

Повеќе »

Во Белград денеска нов протест „Србија против насилството“

– Во Белград денеска, во 18 часот, ќе се одржи шестиот протест „Србија против насилството“, со нова траса која ќе почне од Народното собрание со правење на прстен овојпат околу Владата, со фокус на протестот на образованието, јави дописникот на МИА од Белград. Проевропската опозиција само технички ги организира овие …

Повеќе »

Украина тврди дека пресретнала повик што докажува дека Русија је разнела браната Каховка

Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека пресретнала телефонски повик со кој се докажува дека руска „диверзантска група“ ги разнела хидроцентралата и браната Каховка во јужна Украина, пренесе Хина. Уништувањето на браната во вторникот предизвика големи поплави, принудувајќи илјадници жители да избегаат од домовите и предизвикувајќи уништување на животната …

Повеќе »

Членките на ЕУ се согласија за заеднички став за миграцијата и азилот

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ се договорија за заеднички став за два клучни законски предлози за миграција и азил, објави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард. Договорот е постигнат доцна синоќа, по целодневните преговори во Луксембург. Министрите усвоија заеднички став за Регулативата за управување со азил …

Повеќе »

Грција задоволна од начелниот договор на ЕУ за миграциското прашање 

– Генерално, новиот систем подобро одговара на ситуацијата со која се соочува нашата земја, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција во однос на начелниот договор на Европската унија за Новиот пакт за миграцијата, јави дописничката на МИА од Атина.  На состанокот во Луксембург, на кој учествувале службениот …

Повеќе »

Петмина уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти

Пет лица се уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти. Полицијата уапсила едно лице во Србија, а четворица на територијата на Германија и Романија поради сомнение дека криумчареле околу 800 мигранти од Турција во Германија, соопшти МВР на Србија. „Пријавените во текот на минатата и оваа …

Повеќе »