Breaking News

СВЕТ

Мусевени го осуди „очајничкиот и кукавички напад“ врз гимназија во град во западна Уганда

Екстремистичкиот напад врз средно училиште во Уганда, во кој беа убиени најмалку 41 лице, за претседателот на земјата, Јовери Мусевени, е „очајнички и кукавички“ чин и притоа тој вети дека ќе ги елиминира одговорните за овој крвав напад. „Нивните постапки – очајни, кукавички, терористички, нема да ги спасат“, рече претседателот …

Повеќе »

Тринаесет загинати во нови судири меѓу земјоделци и сточари во Нигерија

Најмалку 13 лица се убиени од петокот во новите судири меѓу заедниците на земјоделци и сточари во центарот на Нигерија, соопштија локалните власти на двете заедници. Во последните неколку недели, тензиите и смртоносните конфликти меѓу заедниците на сточари и земјоделци, кои се расправаат за користењето на земјиштето и ресурсите, повторно …

Повеќе »

Во казнената колонија денеска почнува ново судење против Алексеј Навални

– Во казнената колонија, во која веќе издржува долгогодишна затворска казна, денеска треба да почне ново контроверзно судење против познатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, изјави неговиот адвокат, јави ДПА. Во оваа прилика, додава агенцијата, Московскиот општински суд постапката ќе ја организира во околу 260 километри оддалечениот затворски логор, каде …

Повеќе »

Избрана новата Влада на Кувајт

Избрана е новата Влада на Кувајт на чие чело останува шеикот Ахмад Наваф ал Ахмад ал Сабах, јавија кувајтските медиуми. Бизнисменот Саад ал Барак е назначен за нов министер за нафта, во Влада во која има 15 министри, додека Манаф Абдулазиз ал Хајри е реизбран на функцијата министер за финансии. …

Повеќе »

Петкратната германска олимписка шампионка и полицајка Клаудија Пехштајн под истрага заради расизам

Германската федерална полиција покрена истрага против петкратната олимписка шампионка во брзо лизгање, 51-годишната Клаудија Пехштајн, која инаку е полицајка, поради можни прекршувања на законите за државните служби и расистички изјави. На настанот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во саботата во Берлин, Пехштајн се појави во униформа и одржа говор во …

Повеќе »

Пригожин: По завршувањето на воената служба во Украина во Русија се вратиле 32.000 поранешни затвореници

Околу 32. 000 мажи, кои беа регрутирани од руските затвори за воена служба во Украина, се вратија дома, изјави шефот на приватната платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Тој додаде дека тие го исполниле својот дел од договорот и  биле распоредени во борбите. Активистите за човекови права изразија загриженост што толку …

Повеќе »

Русија ја одби помошта од ОН, бројот на жртвите од поплавите по саботажа на браната се зголемува

Русија ги отфрли понудите на Обединетите нации (ОН) да им помогне на жителите погодени од поплавите предизвикани од пробивањето на браната Каховка на реката Дњепар, соопшти синоќа светската организација. Од 6 јуни, кога браната беше оштетена и се поплави областа Херсон, окупирана од Русија, бројот на жртвите од поплавите се …

Повеќе »

Минатомесечното неуспешно лансирање сателит Северна Кореја го нарече „најголем неуспех“

Раководството на Северна Кореја на својот последен работен состанок на владејачката партија, минатомесечното неуспешно лансирање на воен сателит го оцени како  „најголем неуспех“, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА (KCNA). Од петокот до вчера се одржа проширен пленарен состанок од која владејачката Работничка партија на Северна Кореја испрати порака …

Повеќе »

Најмалку 11 загинати во невреме во Бразил

– Најмалку 11 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во невремето што го зафати јужниот дел на Бразил. На крајот на неделата циклон ја погоди државата Рио Гранде до Сул, на границата со Уругвај и Аргентина. Според најновиот новиот биланс што денеска го објавија локалните власти, од загрозената …

Повеќе »

Украинските сили го ослободиле селото Пјатихатки, прв успех на фронтот Запорожје

– Официјален претставник назначен од руските окупаторски власти денеска призна дека Украина повторно зазела село во јужниот регион Запорожје, што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја почна својата контраофанзива претходно овој месец. Владимир Рогов изјави дека украинските сили ја зазеле населбата Пјатихатки и таму се вкопуваат додека …

Повеќе »