СВЕТ

Хаваи: Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, повторно еруптираше

Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа, на Хаваите, повторно еруптираше, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Хавајската вулканска опсерваторија (ХВО) забележа сјај на врвот на Килауеа денеска околу 16:34 часот по локално време. „Ерупцијата на врвот на Килауеа продолжува и е ограничена на кратерот Халемаумау во националниот парк вулкани на …

Повеќе »

Словенечката Влада усвои закон за дигитализација на здравството

Словенечката Влада усвои еден од првите нацрт-закони во рамките на здравствената реформа планирана во земјата – законот за дигитализација на здравствената заштита, објави словенечкиот портал 24ур. Законот е предложен од министерот за здравство на Словенија, Даниел Бешич Лоредан. Според него, законот ќе воведе дигитална транспарентност во словенечкото здравство. Законот се …

Повеќе »

Комисија на ОН го обвини Израел за делегитимирање на палестинските организации за човекови права

Истражната комисија при Советот за човекови права на ОН денеска го обвини Израел за „делегитимирање и замолчување на граѓанското општество“ со тоа што ги забрани палестинските организации за човекови права и ги означува нивните членови како „терористи“. Во годишниот извештај на таа тричлена комисија, формирана во 2021 година, исламското екстремистичко …

Повеќе »

Бислими: Србија сака со „Заедницата“ да внесе Тројански коњ во Косово – доказ е нон-пејперот на САНУ

– Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими вели дека барањата на Белград за формирање Заедница на општини со мнозинство Срби во Косово (ЗСО) немаат за цел интегрирање на локалните Срби во државата, туку внесување „Тројански коњ“ во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во …

Повеќе »

Шолц во Рим: Земјите од ЕУ треба заедно да одговорат на предизвикот на миграцијата

Земјите од Европската Унија треба заедно да одговорат на предизвикот на миграцијата и да не „ги оставаат сами медитеранските земји“, изјави денеска во Рим германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони. „Сите оние во ЕУ кои сакаат да се соочат со предизвиците на миграцијата можат тоа …

Повеќе »

Чадот над САД и Канада може да остане во воздухот и во текот на викендот

Чадот што се шири од шумските пожари во Квебек и Нова Шкотска стигна до Северна Каролина и северна Европа, каде што може да остане во воздухот до викендот. На мапите за квалитетот на воздухот, виолетова боја го означува најлошото. Во реалноста, тоа е густа, опасна магла што ја намалува видливоста …

Повеќе »

Украинските војници, обучени од Шведска, подготвени се за фронтот

Шведските власти денеска соопштија дека ја завршиле обуката на украинските војници за користење на 50 лесни тенкови CV90 кои Стокхолм му ги подари на Киев и додадоа дека се „подготвени за фронтот“. Стокхолм не прецизираше колку украински војници учествувале на таа обука. „Од безбедносни причини, засега нема да објавуваме детали …

Повеќе »

Американскиот амбасадор Хил: Србија е наш партнер, прашање е дали е и Курти

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска оцени дека прашање е дали САД можат да сметаат на косовскиот премиер Албин Курти како партнер и додаде дека „не памети толку длабоки поделби меѓу Приштина и Вашингтон“. Хил во интервју за Гласот на Америка рече дека Србија е конструктивен партнер во процесот …

Повеќе »

Украина побара од Европа да и обезбеди повеќе електрична енергија

Украина бара од Европската Унија „во голема мера да го зголеми“ снабдувањето со електрична енергија по руските напади „на енергетската инфраструктура на земјата“ и уништувањето на браната на вештачкото езеро Каховка, што предизвика големи поплави, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галученко. „Бараме од Европа да ја зголеми“ горната граница …

Повеќе »

Над 400 акивни пожари во „најлошата сезона на шумски пожари“ во Канада

Повеќе од 400 шумски пожари продолжуваат да беснеат во Канада во она што премиерот Џастин Трудо го оквалификува како –  „најлошата сезона на шумски пожари“ во историјата. Најмалку 150 активни пожари се регистрирани во провинцијата Квебек. Според канадската национална база на податоци за пожари, до денеска се уништени над 3,8 …

Повеќе »