Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е „неприфатлив“. „Брисел ја злоупотребува својата моќ.


Тие сакаат на сила да ги преселат мигрантите во Унгарија“, рече Орбан, а на Твитер го постира портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач. Тоа, како што кажа Орбан, е „неприфатливо“.


Министрите за внатрешни работи на членките на Европската унија постигнаа договор за промена на системот за азил, што подразбира и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола.

сд/фото:архива .


Извор: МИА