Breaking News

СВЕТ

Бисерко: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово

– Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија, Соња Бисерко вели дека целта на нападот од страна на српска вооружена група врз косовската полиција во Бањска, кај Звечане, во северно Косово, во неделата, на 24 септември, била поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју …

Повеќе »

Украинската одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 дронови во регионите Одеса и Миколајев

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 беспилотни летала во новиот руски напад врз регионите Одеса и Миколаев, на југот на земјата, соопштија официјални лица, пренесе Бета.  -Изминатата ноќ беа ланизрани повеќе групи дронови во масовниот напад врз двата региона, изјави портпаролката на јужната команда на украинската армија. Руските …

Повеќе »

Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент

Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби. Причините за експлозијата се уште не …

Повеќе »

Волос и околината повторно под вода

– Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.  Жителите на Волос и околината, поминаа …

Повеќе »

Фајон: ЕУ треба да ги заштити своите граници ако сака да се зачува Шенген зоната

– Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон, порача дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната. Фајон, на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг, укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската маршрута и кажа дека многу е …

Повеќе »

Полска и САД потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна електрана

Во Варшава денеска полските и американските претставници потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во Полска, која настојува да ја намали употребата на загадувачки фосилни горива. Премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека договорот за изградба на електрана во Померанија, во близина на Балтичкото Море, е почеток на ново поглавје за …

Повеќе »

Француската Влада вети дека ќе го искорени насилството во училиштата

Блокирајте ги насилниците во училиштата на социјалните мрежи, на своите деца држете им неделни часови за емпатија, донесете експерти за борба против насилството во училиштата и судовите – ова се ветувањата на француската Влада како одговор на зголемената загриженост низ целата земја поради малтретирање, предизвикано од неодамнешните самоубиства на деца …

Повеќе »

„Волстрит џурнал“: Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе доведе до конфликт со Русија, објави „Волстрит Џурнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на свои извори. Другите членови на германската владејачка коалиција одобрија испраќање ракети Таурус во Украина. Германската пратеничка …

Повеќе »

Над 40 отсто од Аргентинците живеат под прагот на сиромаштија

Делот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија во Аргентина се зголеми на 40,1 отсто, покажуваат најновите статистички податоци во земјата, цитирани од ДПА. Според податоците објавени од националниот Институт за статистика – Индекс, во првата половина на 2023 година дошло до зголемување на процентот на луѓе кои живеат …

Повеќе »

Американскиот Конгрес има четири дена да го одобри владиното финансирање

Претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, го отфрли нацрт-законот за привремено финансирање на Владата кој е во постапка во Сенатот, со што Вашингтон е чекор поблиску до четвртата делумна блокада на владата во една деценија, до што остануваат само четири дена. Тоа би довело до суспензија на стотици …

Повеќе »