Breaking News

СВЕТ

„Волстрит џурнал“: Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе доведе до конфликт со Русија, објави „Волстрит Џурнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на свои извори. Другите членови на германската владејачка коалиција одобрија испраќање ракети Таурус во Украина. Германската пратеничка …

Повеќе »

Над 40 отсто од Аргентинците живеат под прагот на сиромаштија

Делот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија во Аргентина се зголеми на 40,1 отсто, покажуваат најновите статистички податоци во земјата, цитирани од ДПА. Според податоците објавени од националниот Институт за статистика – Индекс, во првата половина на 2023 година дошло до зголемување на процентот на луѓе кои живеат …

Повеќе »

Американскиот Конгрес има четири дена да го одобри владиното финансирање

Претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, го отфрли нацрт-законот за привремено финансирање на Владата кој е во постапка во Сенатот, со што Вашингтон е чекор поблиску до четвртата делумна блокада на владата во една деценија, до што остануваат само четири дена. Тоа би довело до суспензија на стотици …

Повеќе »

Вучиќ на РТС го негираше учеството на Србија во оружената пресметка

-Момците убиени во Бањска за мене како претседател на Србија никогаш нема да бидат терористи. Тоа се семејни луѓе и ќе бараме да ни покажат слики како се случило убиството. . . Тие поставуваа барикади, а не стапици поради теророт на Курти. Полицаецот бил ранет со експлозив, по што почнало …

Повеќе »

Заседание на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ 

Извештајот за тековните законодавни дискусии за реформите на законодавството на ЕУ за азил, како и надворешната димензија на миграцијата од аспект на соработката со европските партнери за управување со миграциските притисоци, ќе бидат главни теми на денешниот министерски состанок на Советот за правда и внатрешни работи на Унијата.  Како што …

Повеќе »

Проширувањето меѓу темите на неформалниот министерски состанок за општи работи на ЕУ 

– Денеска и утре во шпанскиот град Мурсија ќе се одржи неформален министерски состанок на ЕУ за општи работи и кохезивна политика, на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата, како и за прашања поврзани со концептот „Отворена стратешка автономија“ (ОСА) и со Кохезивната политика на блокот по 2027 …

Повеќе »

Песков: Парламентот на Канада треба да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна

Кремљ денеска соопшти дека оставката на претседателот на Долниот дом на Парламентот на Канада, Ентони Рота, не била доволна поради јавните пофалби за „канадски херој“ кој се борел во Украина во Втората светска војна, но се покажа дека се борел на страната на нацистите. Москва бара и Парламентот на Канада …

Повеќе »

САД ќе работат со своите партнери за воспоставување меѓународна набљудувачка мисија во Нагорно-Карабах

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе работи со своите сојузници и партнери во наредните денови за воспоставување меѓународна набљудувачка мисија, откако Азербејџан ја врати контролата врз Нагорно-Карабах во молскавична офанзива минатата недела, објавија британските медиуми. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека иако Русија понекогаш ги олеснува разговорите, што …

Повеќе »

Бугарскиот парламент одобри испраќање непотребно оружје во Украина

Бугарскиот парламент денеска одобри дополнителна воена помош за Украина за војната со Русија, јави државната агенција БТА. Пратениците одобрија испорака на Украина на неисправни ракети земја-воздух за рускиот систем за воздушна одбрана С-300 и муниција за автоматско оружје од мал калибар, отфрлени од Министерството за внатрешни работи. Воените експерти велат …

Повеќе »

СЗО загрижена за порастот на случаите на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на коронавирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА. За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за Ковид-19 во единиците за интензивна нега, изјави денеска …

Повеќе »