Breaking News

Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент


Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба.


Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби.


Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една од верзиите удрил гром. На местото е поставена специјална теренска лабораторија која ќе ја испита експлозијата.

„Како резултат на брзите активности на претставниците на Министерството за вонредни состојби, пожарот е ставен под контрола.


Ситуацијата е под целосна контрола“, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби на Телеграм. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА