Breaking News

Украинската одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 дронови во регионите Одеса и Миколајев


Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 беспилотни летала во новиот руски напад врз регионите Одеса и Миколаев, на југот на земјата, соопштија официјални лица, пренесе Бета.


 -Изминатата ноќ беа ланизрани повеќе групи дронови во масовниот напад врз двата региона, изјави портпаролката на јужната команда на украинската армија.


Руските сили редовно го гаѓаат региони од јужна Украина, крај Црното Море, каде што се наоѓа значајна пристанишна инфраструктура за поморска трговија. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА