Breaking News

СВЕТ

Фон дер Лајен заминува за Тирана за учество на Самитот на Берлинскиот процес 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе отпатува за Тирана, каде што утре ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес, кој првпат се одржува во една од земјите во регионот на Западниот Балкан.  Како што соопшти Еврокомисијата, предвидено е попладнево Фон дер Лајен да се сретне со …

Повеќе »

Втор круг од локалните избори во Грција

– Во шест од 13 периферии и во 84 од 332 општини, меѓу кои и Атина и Солун, денеска се одржува вториот круг од локалните избори во Грција, откако минатата недела ниту еден од кандидатите во конкретните региони и општини не ги доби потребните над 43 отсто од гласовите, јави …

Повеќе »

УНРВА предупреди дека нејзините засолништа во Газа веќе не се безбедни

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска ги повика израелските власти да ги заштитат сите цивили во нејзините објекти низ Појасот Газа, вклучително и тие на северот и во градот Газа. УНРВА соопшти дека и покрај наредбата да се евакуираат повеќе …

Повеќе »

Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца

Во северниот дел на Газа е нападнат конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа. Според првите извештаи меѓу убиените има и деца. Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон …

Повеќе »

Лабуристите во Нов Зеланд го признаа поразот, Националната партија ќе формира влада

Националната партија на Нов Зеланд (НП) ќе формира нова влада откако премиерот Крис Хипкинс, лидер на Лабуристичката партија, го призна поразот на парламентарните избори. НП освои 40 отсто од гласовите, а нејзиниот коалициски партнер ACT (Алијанса на потрошувачи и даночни обврзници, десниот центар) девет отсто. Тоа им овозможува доволно мандати …

Повеќе »

Израел му препорача на населението во Газа да ја забрза евакуацијата

Израелската армија денеска му препорача на населението во градот Газа „да не губи време“ и да ја забрза евакуацијата. Луѓето беа повикани да ги напуштат своите домови и да се упатат кон јужниот дел на Појасот Газа пред да започне копнената офанзива, а патиштата кон север се веќе блокирани. Воениот …

Повеќе »

Пронајдено оружје и експлозив во полициски рации во северно Косово

– Косовската полиција соопшти дека пронашла оружје, експлозивни направи и друга опрема за време на рациите кои беа извршени денеска на неколку локации во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави за медиумите дека рациите, кои се во врска …

Повеќе »

ИДФ: Израелската армија го уби командантот за воздушни операции на Хамас во Газа

Израелските воздухопловни сили убиле висок воен функционер на палестинскиот исламистички Хамас, соопшти денеска портпаролот на израелската армија. -За време на операција на воздухопловните сили во последните 24 часа беа погодени командните бази на терористичката организација Хамас. За време на оваа операција, беше убиен Мурад Абу Мурад, шеф на воздушните операции …

Повеќе »

„Џерусалем Пост“: САД бараат Израел да ја одложи копнената операција во Појасот Газа 

 САД побараа од Израел да ја одложи копнената операција во Појасот Газа, јави весникот „Џерусалем пост“, повикувајќи се на јавната израелска радиодифузна корпорација. Како што пренесува Анадолија, се уште не е познато каков ќе биде одговорот на Израел на ова итно барање. САД силно го поддржаа Израел во неговата борба …

Повеќе »

Русија во СБ на ОН повика на хуманитарен прекин на огнот, ги обвини САД за ситуацијата во Газа

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја повика на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа и Израел, обвинувајќи ги САД за ситуацијата на палестинската територија. -Убедени сме дека Советот за безбедност мора да дејствува со цел да се стави крај на ова крвопролевање и да се обноват мировните преговори со …

Повеќе »