Breaking News

СВЕТ

Израелската армија повторно ги повика жителите на Газа да се евакуираат

Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус повторно ги повика жителите на северниот дел на Појасот Газа да го почитуваат предупредувањето да се евакуираат во јужниот дел на палестинската територија, во време кога, како што наведе, Израел е подготвен да започне „значајни воени операции“. „Важно е да се фокусираме на фактот …

Повеќе »

Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху и со Абас

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и одделно со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија синоќа од кабинетите на израелскиот и палестинскиот лидер. Нетанјаху му рекол на Бајден дека се потребни единство и решителност за да се постигнат воените цели на Израел против палестинската исламистичка организација …

Повеќе »

Саудиска Арабија свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради ескалацијата на конфликтот во Газа

Организацијата за исламска соработка, по повикот од Саудиска Арабија, на 18 октомври во Џеда ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за насилството во Газа, по осумдневната војна во која животот го загубија илјадници луѓе. Кралството, кое е претседавач на Исламскиот самит на тековната седница и претседавач со извршниот …

Повеќе »

Израелската армија соопшти дека убила уште еден командант на Хамас

Израелската армија утринава соопшти дека убила уште еден командант на командосите на Хамас, кој минатиот викенд ги предводеше нападите врз населените места Нирим и Нир Оз во јужниот дел на Израел. Билал ал Кедра, командант на т. н од единицата Нухба на јужниот баталјон Кан Јунис, беше убиен во воздушен …

Повеќе »

Во Полска се отворени гласачките места за парламентарните избори

– Во Полска денеска се отворени гласачките места за парламентарните избори, на кои, според анкетите, резултатот ќе биде тесен, а се сметаат за пресудни за иднината на односите на земјата со ЕУ и со соседна Украина. Се избираат 460 членови на Сејмот со пропорционален изборен систем, а 100 сенатори со …

Повеќе »

Блинкен ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, јавија светските агенции, повикувајќи се на официјален претставник на САД. Израелските војници ги продолжуваат подготовките за копнена операција во Појасот Газа, а Иран предупреди на „далекосежни последици“ доколку Израел не престане да ја …

Повеќе »

Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео – состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. „Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до …

Повеќе »

Петнаесет лица повредени во автобуска несреќа во Местре, северна Италија

Петнаесет лица се повредени синоќа во нова автобуска несреќа во градот Местре, во северна Италија, единаесет дена по несреќата на автобус во истиот град, во која животот го загуби 21 лице, јави ДПА. Полицијата соопшти дека овој пат електричен автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда. …

Повеќе »

Земјотрес од 6,5 степени го погоди западен Авганистан

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе. Длабочината на земјотресот е десет километри. Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. рп/Фото: МИА …

Повеќе »

Израел ја одложи копнената офанзива во Појасот Газа поради неповолните временски услови, пишува „Њујорк тајмс“

Израелската армија за неколку дена ја одложи големата копнена инвазија на Појасот Газа под контрола на радикалното палестинско движење поради неповолните временски услови, јави ДПА, повикувајќи се на информации од американските медиуми. Копнената офанзива на Израел требаше да започне овој викенд, најчесто се спомнуваше вчерашната вечер, но беше одложена за …

Повеќе »