Breaking News

СВЕТ

На состанокот во ОН, Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот

Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот …

Повеќе »

Бајден за копнената офанива во Газа: Израелците сами одлучуваат

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „Израелците сами одлучуваат“ дали и кога ќе ја почнат копнената офанзива на Газа. Тој оваа куса изјава ја даде за време на посетата на австралискиот премиер Ентони Албанесе на Вашингтон, кога беше прашан дали побарал од Израел да ја одложи копнената инвазија. Израел со …

Повеќе »

Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник

Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските …

Повеќе »

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за членството на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент синоќа го отфрли предлогот за гласање за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО, што дополнително го одложи вклучувањето на оваа нордиска земја во Алијансата. Унгарија е главната пречка за Шведска да влезе во НАТО, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го поднесе протоколот до турскиот Парламент …

Повеќе »

Израелската воена авијација гранатира сириски воени позиции

– Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа воени позиции во Сирија како одговор на гранатирањето од земјата, соопшти денеска ИДФ. – Пред кратко време, борбени авиони на ИДФ погодија воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија како одговор на вчерашното лансирање кон Израел, соопшти израелската војска на социјалните мрежи. Израел редовно …

Повеќе »

Кирби: САД се против прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е против прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.  -Примирјето сега ќе му користи само на Хамас, рече Кирби на прес-конференцијата, но не прецизираше дали и САД се против хуманитарниот прекин на огнот …

Повеќе »

Перуанската полиција заплени над три тони кокаин

– Перуанската полиција заплени повеќе од 3 тони кокаин на северот на земјата, јави ДПА. Дрогата требало да биде прошверцувана на север во Централна и Северна Америка, соопшти полицијата и додаде дека вкупно шестмина осомничени од Еквадор и Колумбија се приведени за време на операцијата. Во објава на Националната полиција …

Повеќе »

УНИЦЕФ: Израелците досега убиле 2.360 деца во Појасот Газа

– Детскиот фонд на ОН УНИЦЕФ соопшти дека 2. 360 деца загинале во контранападите на Израел во Појасот Газа како одговор на нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел. Хуманитарната организација соопшти дека 5. 364 деца се повредени, цитирајќи извештаи без именување извори. Според УНИЦЕФ, се работи за …

Повеќе »

СЗО: Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа

Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Вкупно 46 од 72 здравствени установи, вклучително и 12 од 35 болници, престанаа да функционираат низ Газа, соопшти СЗО. Палестинските здравствени власти …

Повеќе »

Сменет кинескиот министер за одбрана Ли

– Кинескиот претседател Си Џинпинг го разреши генералот Ли Шангфу од функцијата министер за одбрана и од Државниот совет. Тоа е второ смена на висок претставник на кинеското раководство во изминатите три месеци, откако во јули беше разрешен од функцијата и поранешниот министер за надворешни работи Чин Ганг. Сè уште …

Повеќе »