Breaking News

СВЕТ

Бајден: Израел мора да го елиминира Хамас, но окупацијата на Газа би била „голема грешка“

Секој потег на Израел повторно да го окупира Појасот Газа би бил „голема грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Би-Ес, додека израелските трупи се подготвуваат за копнена инвазија. Израел, барајќи одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври и објави војна на милитантната група, започнувајќи немилосрдна кампања …

Повеќе »

Галант: Израел нема интерес да војува на северната граница

– Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа изјави дека неговата земја нема интерес да води војна на нејзината северна граница и дека доколку либанската група Хезболах се воздржи, Израел ќе го задржи „статус кво“ долж границата. – Немаме интерес за војна на север. Не сакаме ескалација на ситуацијата. Ако …

Повеќе »

Нова демократија ги загуби Атина, Солун и пет периферии во вториот круг од локалните избори во Грција

– Промени во двете најголеми грчки општини, пресврт во пет периферии, загуби за владејачката Нова демократија, но и мала излезност, ги одбележаа вториот круг од локалните избори во Грција, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа коментираше дека „не беше особено добра вечер“ за неговата партија, јави дописничката на МИА од …

Повеќе »

Нападот врз Израел, случувањата околу Украина и Самитот на ЕУ главни теми на пленарната седница на ЕП 

Нападите на терористичката организација Хамас врз Израел, поддршката на ЕУ за Киев, ефикасноста на санкциите воведени кон Русија поради руската агресија на Украина и очекувањата од претстојниот Самит на Унијата предвиден за 26 и 27 октомври, ќе бидат главните теми на овонеделното пленарно заседание на Европскиот парламент во Стразбур.  Дополнително, …

Повеќе »

Се очекува отворање на граничниот премин од Египет кон Газа

Се очекува повторно да се отвори граничниот премин кон Газа контролиран од Египет по дипломатските напори да се донесе помош во појасот, што е под интензивно израелско бомбардирање по нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври. Стотици тони помош од неколку земји со денови се на египетскиот полуостров Синај, …

Повеќе »

Путин: Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина

Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдијивка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади, изјави рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“. „Нашите војници ги подобруваат своите позиции во речиси целиот тој многу голем простор“, ​​рече Путин …

Повеќе »

Израелската армија им даде нов рок на палестинските цивили во северниот дел на Газа да се евакуираат на југ

Израелската армија денеска објави нова временска рамка за движење на цивилите во северниот дел на Газа кон југот на тоа подрачје. Жителите можат да заминат од 10 часот по локално време до 13 часот по препорачаната рута, напиша портпаролот на израелската армија на арапски во објава на „Икс“, платформата порано …

Повеќе »

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга се избодени до смрт во нивниот дом

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга биле избодени до смрт од непознати напаѓачи во куќата во која живееле, објавија денеска државните медиуми. Официјалната новинска агенција ИРНА го цитираше официјалниот претставник на иранското правосудство Хосеин Фазели кој рекол дека Мехрјуи и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар биле пронајдени мртви …

Повеќе »

Во Појасот Газа загинаа 2.329 Палестинци, а повеќе од 9.000 се повредени

Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека 2. 329 Палестинци загинале, а повеќе од 9. 000 се повредени во израелските воздушни напади како одговор на нападите на Хамас врз Израел, кои почнаа на 7 октомври. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека убиле околу 1. 500 палестински екстремисти кои …

Повеќе »

Сирени за можен ракетен напад се огласија во Галилеја

По мирната ноќ низ Израел, во раните утрински часови се огласија сирените за можен ракетен напад врз градот Галилеја, јавуваат израелските медиуми. Израелските одбранбени сили соопштија дека се огласиле сирени за предупредување за ракетен напад во заедницата Сде Елиезер, во пошироката област Галилеја, додека израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна …

Повеќе »