Breaking News

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга се избодени до смрт во нивниот дом


Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга биле избодени до смрт од непознати напаѓачи во куќата во која живееле, објавија денеска државните медиуми.


Официјалната новинска агенција ИРНА го цитираше официјалниот претставник на иранското правосудство Хосеин Фазели кој рекол дека Мехрјуи и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар биле пронајдени мртви со убодни рани во вратот.


Фазели рече дека нивната ќерка, Мона Мехрјуи, ги пронашла телата кога синоќа отишла да го посети нејзиниот татко кој живеел во куќа во предградие на Техеран, околу 30 километри западно од центарот на градот.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА