Breaking News

СВЕТ

Од следната година во Грција: За пет илјади евра можен влез во Акропол и после работното време

Грција планира да понуди ексклузивни тури до познатиот Акропол за помал број богати посетители надвор од работното време, почнувајќи од 1 април следната година, но по цена од 5. 000 евра. Оваа мерка е дел од ревизијата на политиката за посети на археолошки локалитети и музеи, која ќе се прошири …

Повеќе »

Истрелани ракети од Газа кон југот на Израел

По затишје од речиси 48 часа, повторно беа лансирани ракети од Појасот Газа кон југот на Израел. Локалните жители тврдат дека четири проектили биле пресретнати од израелските сили за воздушна одбрана. Нема извештаи за повредени или материјална штета. Интензитетот на ракетирањето од Газа е значително забавен во последниве недели, бидејќи …

Повеќе »

Шестмина загинати и еден ранет во напад на турска воена база во северен Ирак

Шест турски војници загинаа, а еден е ранет во напад на турска воена база во северен Ирак. Турското Министерство за одбрана додаде дека најмалку седум „терористи“ се неутрализирани во областа. Под „неутрализирани“ турските власти подразбираат предадени, убиени или заробени луѓе. Во информациите од турското Министерство за одбрана не е прецизирано …

Повеќе »

Дрон нападна трговски брод во близина на брегот на Индија

Напад со беспилотно летало денеска оштети комерцијален брод во Индискиот Океан, но никој не е повреден во инцидентот, соопштија две поморски агенции. Според британската компанија Амбри, која е одговорна за поморската безбедност и трговските поморски операции во Велика Британија, нападот кај индискиот брег предизвикал пожар на бродот. Подоцна бил изгаснат …

Повеќе »

Трудо: Победата на Трамп може да ја загрози борбата против климатските промени

Победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2024 година може да ги загрози глобалните напори против климатските промени, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо во интервју за Си-Би-Ес. Трамп, кој ја минимизира важноста на климатските промени, минатата недела рече дека кога ќе дојде на власт ќе се …

Повеќе »

Додик: РС е дополнително заинтересирана да се погрижи моќта во Србија да не падне во рацете на антисрпската структура во Белград

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, денеска оцени дека, по конфронтацијата на опозицијата во Србија со гласачите од тој ентитет во Босна и Херцеговина, РС е дополнително заинтересирана да се погрижи власта да не падне, како што наведе, во рацете на неодговорната антисрпска структура во Белград. Додик за „Политика“ …

Повеќе »

Палестински спасувачи: 76 лица од семејството Ал-Муграби убиени во израелски напад во Газа

Во израелско бомбардирање убиени се 76 лица од семејството Ал-Муграби, соопштија денеска палестинските спасувачи. Портпаролот на Одделот за цивилна одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека нападот врз зградата во градот Газа е меѓу најсмртоносните во 12-неделната војна меѓу Израел и Хамас. Тој објави и нецелосен список со имињата на …

Повеќе »

СЗО известува за десеткратно зголемување на регистрираните случаи на денга треска за 20 години

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува …

Повеќе »

Иран се заканува со „затворање на Медитеранот“, без да каже како ќе го изведе тоа

Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило. – Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот …

Повеќе »

Советот за безбедност е „загрижен“ од ескалацијата на насилството во Судан

Советот за безбедност на ОН синоќа изрази загриженост поради зголемувањето на насилството и влошувањето на хуманитарната ситуација во Судан. Во соопштението, Советот „најостро ги осудува“ нападите врз цивилите и проширувањето на конфликтот, кој веќе ги погодува „областите каде што живеат големи групи внатрешно раселени лица, бегалци и баратели на азил“. …

Повеќе »