Breaking News

Палестински спасувачи: 76 лица од семејството Ал-Муграби убиени во израелски напад во Газа


Во израелско бомбардирање убиени се 76 лица од семејството Ал-Муграби, соопштија денеска палестинските спасувачи.


Портпаролот на Одделот за цивилна одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека нападот врз зградата во градот Газа е меѓу најсмртоносните во 12-неделната војна меѓу Израел и Хамас.


Тој објави и нецелосен список со имињата на убиените од семејството Ал-Муграби. Меѓу убиените се Исам ал-Муграби од Програмата за развој на ОН, неговата сопруга и нивните пет деца.

– Загубата на Исам и неговото семејство длабоко не погоди сите нас. ОН и цивилите во Газа не се цели. Оваа војна мора да заврши, рече Ахим Штајнер, шеф на Програмата на ОН.


Според властите во Газа, досега се убиени повеќе од 20. 000 Палестинци, а најмалку 53. 000 се ранети. ссм/фото: архива .

Извор: МИА