Breaking News

Дрон нападна трговски брод во близина на брегот на Индија


Напад со беспилотно летало денеска оштети комерцијален брод во Индискиот Океан, но никој не е повреден во инцидентот, соопштија две поморски агенции.


Според британската компанија Амбри, која е одговорна за поморската безбедност и трговските поморски операции во Велика Британија, нападот кај индискиот брег предизвикал пожар на бродот.


Подоцна бил изгаснат без да има жртви или повредени. Причинета е одредена структурна штета и малку вода навлегла во бродот.

Според компанијата, танкерот под либериско знаме кој превезувал хемиски производи „е поврзан со Израел“. Нападот е извршен на 200 километри југозападно од индискиот град Веравал.


„Од Саудиска Арабија бродот влезе во Индија“, објави компанијата на својата веб-страница. Според Амбри, индиската морнарица одговорила на нападот. ссм/фото: архива/илустрација .

Извор: МИА