Breaking News

СВЕТ

„Џерусалим пост“: Израелскиот воен кабинет ќе расправа за предлогот на Египет за ставање крај на војната во Појасот Газа

Израелскиот воен кабинет денеска ќе расправа за предлогот на Египет за прекин на војната во Појасот Газа, објави „Џерусалим пост“, пренесе ДПА. Израелски емдиуми синоќа јавија дека израелските власти соопштиле дека Египет претставил нов предлог за примирје и ослободување на дополнителен број израелски заложници во Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху …

Повеќе »

Студентите во Белград денеска ќе блокираат две сообраќајници, протестот почнува пред Министерството за државна управа

Студенти и млади луѓе кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград. Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат …

Повеќе »

Папата Франциско: Нашите срца вечерва се во Витлеем

Папата Франциско во својата божиќна миса во базиликата Свети Петар рече дека срцата на сите верници се вечерва во Витлеем, каде, како што наведе, Исус уште еднаш бил отфрлен од залудна логика на војната, од конфликт со оружје што и денес го спречува да најде место во светот. Папата се …

Повеќе »

Српската опозиција вечерва ќе одлучува за натамошните чекори

Претставникот на листата „Србија против насилството“, Павле Грбовиќ, изјави дека средбата на опозицијата на која ќе се разгледуваат понатамошните чекори не е почната, но дека е планирана за вечерва. Грбовиќ рече дека претставниците на листата се обидуваат да се соберат, но дека полицијата го блокирала градот. – Средбата ќе биде …

Повеќе »

Дачиќ по Советот за национална безбедност: Станува збор за упад во институции и уривање на уставниот поредок

Секретарот на Советот за национална безбедност на Србија Ивица Дачиќ порача дека политичките собири треба да се одвојат од упадите во државните институции и уривањето на уставниот поредок. – Станува збор за упад во институциите и уривање на уставниот поредок, изјави Дачиќ по седницата на Советот за национална безбедност. Тој …

Повеќе »

Вучиќ: Двајца полицајци се тешко повредени, досега 35 „силеџии“ приведени

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во изјава за ТВ Пинк соопшти дека во вечерашните протести двајца полицајца се потешко повредени и дека на еден едвај му било запрено крварењето. Тој соопшти и дека се приведени 35 „силеџии“, како што ги нарече демонстрантите кои протестираат поради наводна изборна измама. Вучиќ им се …

Повеќе »

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика итен состанок на Советот за национална безбедност, пренесува РТС. Претходно беше најавено дека пред 23 часот тој повторно ќе се обрати до нацијата. Вучиќ, претходно вечерва изјави дека е важно да се зачува мирот и повика на воздржаност. „Важно е да се зачува мирот, …

Повеќе »

Српската полиција ги разби протестите во Белград

Седмиот протест на коалицијата „Србија против насилството“ се одржа пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК). Во еден момент протестот се пресели пред Собранието на Град Белград, по што полицијата, со штитови ги потисна насобраните. Претставници на опозицијата се обиделе да влезат во собраниската зграда, но полицијата внатре не им …

Повеќе »

ОН: Во Појасот Газа има околу 50.000 бремени жени

Според пресметките на ОН, има околу 50. 000 бремени жени во Појасот Газа кој е под опсада на израелската армија, јави ДПА. Повеќе од 180 деца се раѓаат секој ден во палестинската енклава, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). …

Повеќе »

Во Пекинг соборен е рекордот по бројот на часови под нула степени

Пекинг, главниот град на Кина, го собори рекордот по број на часови на температури под нулата во декември, поставен во 1951 година, откако студен бран зафати делови од земјата и предизвика виулици, намалувајќи ги температурите на најниско ниво досега. До денеска, Метеоролошката опсерваторија во Пекинг евидентираше повеќе од 300 часа …

Повеќе »