Breaking News

Српската опозиција вечерва ќе одлучува за натамошните чекори


Претставникот на листата „Србија против насилството“, Павле Грбовиќ, изјави дека средбата на опозицијата на која ќе се разгледуваат понатамошните чекори не е почната, но дека е планирана за вечерва.


Грбовиќ рече дека претставниците на листата се обидуваат да се соберат, но дека полицијата го блокирала градот.


– Средбата ќе биде вечерва, очекуваме народ да се собере бидејќи половина град е блокиран, рече Грбовиќ. ссм/фото: Википедија .

Извор: МИА