Breaking News

Дачиќ по Советот за национална безбедност: Станува збор за упад во институции и уривање на уставниот поредок


Секретарот на Советот за национална безбедност на Србија Ивица Дачиќ порача дека политичките собири треба да се одвојат од упадите во државните институции и уривањето на уставниот поредок.


– Станува збор за упад во институциите и уривање на уставниот поредок, изјави Дачиќ по седницата на Советот за национална безбедност.


Тој рече дека на седницата се разговарало и за влијанието на странските фактори.

Дачиќ посочи дека листата „Србија против насилство“ според името се бори против насилството, но користи насилство и со тоа сака да ја смени изборната волја.


– Сите кои учествуваа на состанокот имаат задача да повикаат на воздржаност и мир и да ги решаваат проблемите преку институциите“, рече Дачиќ, кој, воедно е и министер за надворешни работи.

Дачиќ додаде дека доколку има насилен обид за рушење на државата, државните власти ќе осигураат мир. ссм/фото: архива  .


Извор: МИА