Breaking News

СВЕТ

Блинкен и Кулеба побараа од американскиот Конгрес итно да ја одобри помошта за Киев

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска инсистираше на тоа дека Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, во кој доминира републиканската опозиција, треба итно да го одобри буџетскиот пакет за Украина, откако вчера во друг руски напад загинаа речиси 20 луѓе во северниот украински град Чернигов. „Во овој момент, итно е неопходно …

Повеќе »

Германскиот извоз во Иран значајно зголемен од почетокот на годината

Извозот на Германија во Иран значително се зголеми на почетокот на годината, оздразувајќи го опоравувањето на размената во однос на ниската споредбена основа во 2023 година под влијание на построги санкции кон Техеран, објави денеска германскиот Заводот за статистика (Дестатис). Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран …

Повеќе »

Борел и Ленарчич: Потребен е итен прекин на огнот во Газа, Израел има обврска да овозможи пристап на хуманитарна помош

По иранските напади врз Израел, од суштинско значење е да се избегне каква било понатамошна ескалација на тензиите на Блискиот Исток, поради што повикуваме на итен прекин на огнот во Газа согласно Резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на ОН, се наведува во заедничката писмена изјава на високиот претставник на …

Повеќе »

Германскиот амбасадор Јорн Роде за апсењето на косовски полицајци во Србија: Неприфатливо од земја кандидат за ЕУ

– Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде, по апсењето на петтемина косовски полицајци од страна на српските власти, изјави дека деескалацијата меѓу Косово и Србија треба да се случи веднаш и додаде дека дејствието на официјален Белград е неприфатлива и не е нешто што може да се очекува од …

Повеќе »

Во нападот врз воениот аеродром на Крим оштетени четири руски лансири за ракети, радарски станици и авиони

Во вчерашниот украински напад на воениот аеродром на Крим сериозно се оштетени четири руски ракетни фрлачи, три радарски станици и друга опрема, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција. Четири ракетни фрлачи земја-воздух С-400 и контролен пункт за воздушна одбрана стациониран во воздухопловната база Џанкој се меѓу опремата „уништена или критично …

Повеќе »

ЕУ бара од Република Српска да ги запре нацрт-законите кои го нарушуваат уставниот поредок на БиХ

Европската Унија го повика раководството на Република Српска да ги запре иницијативите за усвојување закони кои ќе го нарушат уставниот поредок на Босна и Херцеговина и ќе го загрозат нејзиниот европски пат. Во денешното соопштение, ЕУ предупреди дека Собранието на Република Српска расправа за усвојување на законодавни иницијативи кои ќе …

Повеќе »

Мекачи: Предвидена е набљудувачка мисија за белградските избори

Директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Матео Мекачи изјави дека планираат од 29 април да отворат набљудувачка мисија за изборите во Белград, во која ќе бидат вклучени експерти и долгорочни набљудувачи, како и краткорочни набљудувачи кои би пристигнале неколку дена пред изборите. Мекачи беше …

Повеќе »

Борел: Земјите-членки на ЕУ треба да ги испратат своите противракетни системи во Украина

Земјите-членки на Европската Унија треба да ги испратат своите противракетни системи за да се зајакне воздушната одбрана на Украина додека Русија ги напаѓа нејзините градови, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, предупредувајќи дека Европа не може да се потпре само на Вашингтон за помошта за Киев. Повеќе од …

Повеќе »

Иран го информираше САД дека не бара „ескалација на тензиите“

Највисокиот ирански дипломат денеска нагласи дека неговата земја ги информмирала САД дека не бара ескалација по нападот врз Израел. Исламската република го изврши својот прв директен напад врз Израел, истрелајќи беспилотни летала и проектили за време на викендот. Министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој е во Њујорк за да …

Повеќе »

Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг

 Аеродромот Манадо е затворен поради ерупција на вулкан во северниот дел на Индонезија, соопштија индонезиските власти. Вулканот Руанг пред два дена почна да исфрла пепел, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво на опасност од цунами по ерупцијата. Меѓународниот аеродром Манадо, што е сто километри оддалечен …

Повеќе »