Breaking News

Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг


 Аеродромот Манадо е затворен поради ерупција на вулкан во северниот дел на Индонезија, соопштија индонезиските власти.


Вулканот Руанг пред два дена почна да исфрла пепел, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво на опасност од цунами по ерупцијата.


Меѓународниот аеродром Манадо, што е сто километри оддалечен од вулканот Руанг, ќе биде затворен до вечер.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА