Breaking News

СВЕТ

Радуков именуван за амбасадор во Северна Македонија

– Претседателот на Бугарија, Румен Радев и Владата постигнаа договор за именување на амбасадор во Северна Македонија. Согласно договорот Желјазко Радуков ќе го замени Ангел Ангелов на функцијата амбасадор во Северна Македонија. Радуков веќе работел во Амбасадата во Скопје како трет секретар во периодот од 2010 до 2013 година. Тој …

Повеќе »

Јеменските Хути тврдат дека нападнале американски брод во Црвеното Море

Јеменските Хути денеска соопштија дека нападнале американски брод во Црвеното Море. Портпаролот на Хутите, Јахја Сари изјави дека бродот „Ѕвезда Ирис“ бил цел на поморски проектили, што резултирало со директни удари. „Операцијата е победа за праведната кауза на палестинскиот народ и одговор на американско-британската агресија врз нашата земја“, додаде тој. …

Повеќе »

Случај на чума откриен во Орегон

На еден жител на Орегон му била дијагностицирана чума што е прв случај таму во последните осум години, пренесува Скај Њуз. Луѓето најчесто се заразуваат со оваа болест преку каснување од мува, која ја пренесува бактеријата Јерсинија пестис (Yersinia pestis). Медицинските прегледи од округот Дешут изјавија дека лицето најверојатно било …

Повеќе »

Во Северна Митровица протест поради укинување на динарот во Косово

– Србите во Северна Митровица протестираат поради одлуката на косовските власти за укинување на српскиот динар и воведување на еврото како единствена валута во Косово. Протестот се одржува во близина на главниот мост на реката Ибар, а демонстрантите се од сите општини во кои живее српска заедница. На мостот на …

Повеќе »

Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто отвори училиште во Хрватска финансирано од Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто отвори ново основно училиште во хрватскиот град Петриња, чие реновирање го финансираше Унгарија по разорниот земјотрес во централна Хрватска во 2020 година, објави хрватската национална телевизија ХРТ. Реновирањето на уништената зграда чинеше 21 милион евра. Новата зграда на Првото основно училиште во Петриња …

Повеќе »

Украина го критикуваше уништувањето на нејзините житарици во Полска

Украинското Министерство за земјоделство денеска критикуваше дека демонстрантите во Полска „намерно ги уништиле“ украинските житарици наменети за Европската унија вчера и побара од полските власти да ги казнат. Во текот на викендот, незадоволните полски земјоделци кои ја блокираа границата со Украина истурија украински житарици на патот. „Денес сме сведоци на …

Повеќе »

Камерон: Израел треба да „застане и сериозно да размисли“ пред нападот на Рафа

Израел треба „да застане и сериозно да размисли“ пред да преземе дополнителни дејствија во Рафа на југот на Газа, рече британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон. Градот беше погоден од воздушни напади во текот на ноќта, при што Израел сигнализираше дека има намера да изврши копнена офанзива во областа. …

Повеќе »

Директор на францускуски енергетски гигант: Националните влади да признаат дека енергијата ќе поскапи поради еколошката транзиција

Националните влади треба да признаат дека преминувањето кон зелени енергетски решенија со ниска содржина на јаглерод ќе ја зголеми цената на енергијата на глобално ниво, изјави за Фајненшл Тајмс Патрик Пујане, извршен директор на францускиот енергетски гигант Тотал Енержи. – Цениме дека во основа оваа транзиција ќе значи повисока цена …

Повеќе »

Хрватска планира да воведе задолжителен воен рок

– Хрватската Влада ќе го разгледува предлогот на Генералштабот на вооружените сили на Хрватска и Министерството за одбрана за воведување на задолжителен воен рок. Потпретседателот на хрватската Влада, Томо Медвед изјави дека е неопходно да се воспостават одредени модули на задолжителен воен рок и најави дека конечниот предлог ќе биде …

Повеќе »

Најмалку 17 мигранти од Тунис исчезнаа на пат кон Италија

Најмалку 17 мигранти од Тунис исчезнаа на пат кон Италија, соопшти денеска туниската крајбрежна стража. Претставник на крајбрежната стража, Хусем Един Зебабли изјави дека меѓу исчезнатите е и петгодишно дете. Мигрантите заминале минатата недела на рибарски брод од Бизерте, на северот на Тунис. Крајбрежната стража и морнарицата со помош на …

Повеќе »