Breaking News

Најмалку 17 мигранти од Тунис исчезнаа на пат кон Италија


Најмалку 17 мигранти од Тунис исчезнаа на пат кон Италија, соопшти денеска туниската крајбрежна стража.


Претставник на крајбрежната стража, Хусем Един Зебабли изјави дека меѓу исчезнатите е и петгодишно дете. Мигрантите заминале минатата недела на рибарски брод од Бизерте, на северот на Тунис.


Крајбрежната стража и морнарицата со помош на хеликоптери започнаа операција за потрага по исчезнатите лица. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА