Breaking News

Украина го критикуваше уништувањето на нејзините житарици во Полска


Украинското Министерство за земјоделство денеска критикуваше дека демонстрантите во Полска „намерно ги уништиле“ украинските житарици наменети за Европската унија вчера и побара од полските власти да ги казнат.


Во текот на викендот, незадоволните полски земјоделци кои ја блокираа границата со Украина истурија украински житарици на патот.


„Денес сме сведоци на нова ескалација на насилството врз нашата заедничка граница.

Недостигот на реакција на полските власти на уништувањето на пратките ќе предизвика поголема ксенофобија и политичко насилство“, напиша на Фејсбук, Тарас Качка, заменик-министер за економија и трговија на Украина, осудувајќи ја рамнодушноста на Варшава.


Качка рече дека доколку полските власти не реагираат, „бандата“ што ја организираше блокадата на границата „ќе почне да убива Украинци само затоа што се Украинци“. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА