Breaking News

Сенаторот Манчин се повлече од претседателската трка


Американскиот сенатор од сојузната држава Западна Вирџинија, демократот Џо Манчин се откажа од кандидатурата на претседателските избори во ноември оваа година.


Манчин рече дека размислувал да се кандидира за да им даде алтернатива на гласачите кои се незадоволни од Џозеф Бајден и Доналд Трамп, наведува Би-Би-Си.


Самопрогласените „конзервативни демократи“ ги критикуваа двете големи партии во САД и нивните лидери во претходните години.

Демократите беа загрижени дека неговата независна кандидатура би можела да им помогне на републиканците во трката за Белата куќа. рп/Фото: ЕПА  .


Извор: МИА