Breaking News

Нетанјаху ги отфрли повиците на демонстрантите за предвремени избори


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците на демонстрантите собрани вчера во Тел Авив, да се одржат предвремени избори во таа земја.


„Последното нешто што ни треба сега се избори бидејќи тие веднаш ќе не поделат. Ни треба единство“, рече Нетанјаху.


Демонстрации вчера беа одржани и во Ерусалим каде неколку стотици луѓе се собраа пред резиденцијата на израелскиот претседател барајќи договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и одржување предвремени избори.

Неколку илјади собрани во Тел Авив исто така го поддржаа повикот. Следните редовни избори во Израел се закажани за 2026 година.


Групите се собраа откако Нетанјаху претходно одби да испрати израелска делегација во Каиро за понатамошни преговори за заложниците. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА