Breaking News

Најмалку 11 загинати при експлозија и пожар во фабрика за бои во Индија


Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени кога зграда на фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар, соопшти претставник на пожарникарите.


Пожарот избувна синоќа во северниот дел на индиската престолнина по експлозија во фабрика и зафатил два магацина и центар за лекување на зависности кои се наоѓаат во близина, јави индиската НДТВ.


Претставник на противпожарната служба изјави дека на местото на настанот се испратени шест противпожарни возила и дека пожарот е ставен под контрола во рок од четири часа.

Четири лица повредени во пожарот, меѓу кои и еден полицаец, се згрижени, а се стравува дека уште две лица се заробени во урнатините.


Пред избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија во фабриката, а властите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од хемикалии складирани таму. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА