Breaking News

СВЕТ

Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на Авдеевка

– Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на источниот град Авдеевка, кој беше заземен од руските сили претходно овој месец. Висок украински командант изјави дека украинските војници ги зајакнале новите одбранбени позиции западно од Авдеевка, чие заземање е најголемата победа на Русија на бојното …

Повеќе »

Дарманен: Русија е главната закана за странско мешање во Франција

Русија е „денес главен непријател“ на Франција во информациската војна и странското мешање, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. Говорејќи пред сенатската комисија за порастот на антисемитските дејствија, Дарманен го спомена и странското мешање, велејќи дека „Русија несомнено е закана број еден“. Дарманен се осврна на аферата …

Повеќе »

Исламски екстремисти му се закануваат со смрт на градоначалникот на Лондон

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, добил смртни закани од исламски екстремисти, објави вечерва Гардијан. Кан доби полициска заштита, која генерално им се дава на членовите на владата или на кралското семејство од 2017 година. Извор запознаен со безбедносните протоколи изјави дека покрај заканите од исламските екстремисти, на Кан му се …

Повеќе »

Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во Мали

– Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во западниот дел на Мали во близина на градот Кениеба, соопшти Министерството за транспорт. Несреќата се случила кога автобус на пат кон Буркина Фасо паднал од мост во реката. „Веројатна причина за несреќата е губење на контролата над возилото од страна на …

Повеќе »

Дижариќ: Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижариќ укажа на страшната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, изјавувајќи дека ниту еден од конвоите со хуманитарна помош на ОН не стигнал до северните делови на Појасот Газа од 23 јануари. -Колегите од УНРВА не потсетуваат дека ниту еден од нашите хуманитарни …

Повеќе »

Стејт департмент: Не сакаме ескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах

САД не сакаат понатамошна ескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент, додавајќи дека Израел го уверил Вашингтон дека сака дипломатско решение. Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на брифинг за медиумите изјави дека десетици илјади Израелци на северот на земјата се соочуваат со реална безбедносна …

Повеќе »

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари

– Пожарникарите во Тексас се борат со неколку шумски пожари кои брзо се шират во американската сојузна држава. Гувернерот на Тексас, Грег Абот прогласи катастрофа за 60 окрузи во државата за „да се осигура дека критичните ресурси за справување со пожарите брзо се распоредуваат во областите во Тексас Панхендл кои …

Повеќе »

Убиени двајца кандидати за градоначалник во Мексико

Во малиот град Мараватио во централно Мексико, двајца кандидати за функцијата градоначалник беа убиени во еден ден, јави ДПА. Мексиканската конзервативна опозициска Национална акциона партија (ПАН) вчера побара од властите да спроведат темелна истрага за убиствата и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Армандо Перез од ПАН и …

Повеќе »

Соборени пет дрона на Хутите во Црвено Море

Американската војска соопшти дека нејзин авион, помогнат од воен брод, соборил пет офанзивни беспилотни летала во Црвеното Море, што биле лансирани од областите под контрола на јеменските бунтовници Хути.  Дроновите „претставуваа непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица и коалицијата во регионот“, се наведува во соопштението на …

Повеќе »

Медиуми: Трамп победи на прелиминарните републикански избори во Мичиген

– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, јавија американските телевизиски канали Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си врз основа на нивни прогнози. Ривалката на Трамп, Ники Хејли, претрпе пораз. Тие имаа 30 процентни поени разлика откако беа преброени околу 10 отсто од гласовите. Трамп и …

Повеќе »