Стејт департмент: Не сакаме ескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах


САД не сакаат понатамошна ескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент, додавајќи дека Израел го уверил Вашингтон дека сака дипломатско решение.


Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на брифинг за медиумите изјави дека десетици илјади Израелци на северот на земјата се соочуваат со реална безбедносна закана која треба да се реши и дека Вашингтон се стреми кон дипломатско решение на ситуацијата.


-Не сакаме да видиме ниту една страна да го ескалира конфликтот на северот. Израелската влада јавно кажа и приватно не увери дека сака да стигне до дипломатски пат.

Значи, тоа е она што ние ќе продолжиме да го следиме, а тоа на крајот ќе ја направи воената акција непотребна, рече Милер.


Тој говореше откако Хезболах соопшти дека лансирала низа од проектили врз базата за воздушно набљудување на Израел вчера како одговор на нападот на Тел Авив на најдлабоката територија на Либан до сега.

Нема извештаи за ракетни жртви веднаш по нападот.


Хезболах од 8 октомври речиси секојдневно разменува оган со Израел долж јужната граница на Либан, еден ден по крвавиот напад на Хамас врз јужен Израел што доведе до израелска копнена, воздушна и поморска офанзива на Појасот Газа.

Од октомври, околу 50 цивили се убиени во израелските напади во Либан, како и околу 200 борци на Хезболах. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА