Дижариќ: Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари


Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижариќ укажа на страшната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, изјавувајќи дека ниту еден од конвоите со хуманитарна помош на ОН не стигнал до северните делови на Појасот Газа од 23 јануари.


-Колегите од УНРВА не потсетуваат дека ниту еден од нашите хуманитарни конвои не можеше да стигне до северниот дел на Појасот Газа од 23 јануари.


Како што слушнавте од генералниот комесар Филипе Лазарини, има нагло намалување на испораката на помош за Појасот Газа, рече Дижариќ, пренесе Анадолија.

Истакнувајќи ја потребата од повеќе влезни точки и безбедни рути во Газа, Дижариќ кажа дека УНРВА има резерви на храна на границата со Газа што може да снабдува до 2,2 милиони луѓе низ Појасот Газа.


-Речиси 1. 000 камиони кои превезуваат 15. 000 тони храна во Египет се подготвени да заминат за Појасот Газа, додаде тој. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА