Breaking News

Американската војска соопшти дека уништила седум противбродски ракети на Хутите


САД објавија дека уништиле седум противбродски крстосувачки ракети на јеменските шиитски бунтовници Хути. Според американската војска, тие биле подготвувани да гаѓаат цели во Црвеното Море.


„На 23 февруари, американската централна команда (ЦЕНТКОМ) уништи седум мобилни противбродски крстосувачки ракети на Хутите поддржани од Иран, кои беа подготвени да бидат лансирани во Црвеното Море“, соопшти ЦЕНТКОМ, додавајќи дека нападите биле извршени вчера помеѓу 12:30 и 19:15 часот по локално време.


Се додава дека ракетите биле распоредени на територија во Јемен контролирана од Хутите и дека тие претставуваат директна закана за бродовите на американската морнарица и трговските бродови во регионот.

Од ноември Хутите почнаа да ги напаѓаат бродовите кои пловат во регионот за кои веруваат дека се поврзани со Израел.


Тие објавија дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, каде Израел започна воена акција против групата Хамас како одговор на нападот на исламистичкото движење на Израел на 7 октомври.

паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА