Breaking News

СВЕТ

Амбасадорот на Украина во Тирана потврди дека украински војници се обучувале во Албанија

– Амбасадорот на Украина во Албанија, Володимир Шкуров, потврдил дека украинските војници биле обучувани во Албанија. Гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на Њуз24, тој не дал многу детали, но изјавил дека оваа информација е многу точна, нагласувајќи дека во Украина тоа високо се цени. На оваа тема, додал тој, се …

Повеќе »

Илјадници Израелци маршираа по автопат кон Ерусалим, стигнаа до резиденцијата на Нетанјаху

– Илјадници Израелци кои со марш бараат ослободување на заложниците од Газа денеска стигнаа во Ерусалим, додека преговарачите се подготвуваат за продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас. Колона демонстранти, предводени од семејствата на заложниците киднапирани од милитантите за време …

Повеќе »

Во Франција, од 1 март во домовите за стари лица дозволени и миленици

– Од 1 март, на домашните миленици како кучиња, мачки, риби и мали птици им е дозволено да престојуваат во домовите за стари лица во Франција, но под одредени услови, бидејќи за нив ќе се грижат нивните сопственици, не персоналот на домовите. Француската влада вчера даде зелено светло за прием …

Повеќе »

Шолц вети истрага за безбедносна снимка што протече во руски медиуми

– Германскиот канцелар Олаф Шолц енеска вети брзо разјаснување откако Русија објави снимка на германски офицери на воздухопловните сили кои разговараат за поддршка за Украина. Говорејќи на маргините на посетата на Ватикан, тој ја опиша ситуацијата како „многу сериозна работа“. Разговорот меѓу германските претставници на одбраната вчера го објави шефицата …

Повеќе »

Камала Харис в понеделник ќе се сретне со Бени Ганц

– Американската потпретседателка Камала Харис в понеделник ќе се сретне со министерот во воениот кабинет на Израел Бени Ганц, соопшти официјален претставник на Белата куќа. Средбата доаѓа во контекст на напорите на Вашингтон да постигне прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и исламистички Хамас во Појасот Газа. Средбата треба …

Повеќе »

Руско-американски екипаж вечерва од Флорида заминува кон Меѓународната вселенска станица

– Тројца американски астронаути и еден руски космонаут доцна вечерва треба да полетаат кон Меѓународната вселенска станица (МВС), како дел од редовната ротација на екипажот. Лансирањето на ракетата Falcon-9 на компанијата Спејс Х е закажано за 23:16 часот по локално време (4:16 часот по средноевропско време) од вселенскиот центар Кенеди …

Повеќе »

Курти: Косово е под закана на оние кои се богатат со војна и оружје

– Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата земја и натаму е загрозена од оние кои сакаат да се збогатат со војна и оружје, посочувајќи ги, како што рече, криминалните организации кои дејствуваат во областите на косовскиот север, населен со мнозинско српско население. Во денешното интервју за италијанската агенција „АГИ“, …

Повеќе »

Израел се согласи на рамковен договор за прекин на огнот во Газа, изјави висок американски претставник

– Израел се согласи на рамковен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелски заложници кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас, пренесе БТА повикувајќи се на светски агенции. Ова го соопштил неименуван висок претставник на американската влада кој додал дека сега се зависи од согласноста …

Повеќе »

Бројот на загинати во Одеса се искачи на седум

– Бројот на загинати во рускиот напад врз станбена зграда во Одеса се искачи на седум, бидејќи под урнатините се пронајдени тела на жена и бебе, соопшти на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби. Шефот на регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, информира дека шестата жртва е жена. – …

Повеќе »

Во Тунис протест поради социјалната и економската криза

– Неколку илјади луѓе денеска се собраа пред седиштето на владата, во главниот град на Тунис, во знак на протест против влошувањето на социјалната и економската состојба. – Економската и социјалната состојба продолжува да се влошува, рече генералниот секретар на главниот синдикат УГТТ, Нуредин Табуби, во говорот пред демонстрантите. Тој …

Повеќе »