Breaking News

Бројот на загинати во Одеса се искачи на седум


– Бројот на загинати во рускиот напад врз станбена зграда во Одеса се искачи на седум, бидејќи под урнатините се пронајдени тела на жена и бебе, соопшти на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби.


Шефот на регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, информира дека шестата жртва е жена. – Телото на една жена штотуку е извлечено од урнатините.


Бројот на жртвите на рускиот напад се зголеми на шест лица, напиша Кипер на Телеграм, пренесува Укринформ.

Во следната објава тој напиша дека покрај телото на жената, пронајдено е и тело на бебе кое е седмата жртва на нападот.


Руската армија изминатата ноќ ја нападна Одеса со јуришни дронови, а еден од нив погодил повеќекатната станбена зграда. јт/Фото: Х .

Извор: МИА