Breaking News

ЛОКАЛНО

Општина Кисела Вода обезбеди 17 смарт телевизори и осум смарт табли за основните училишта

Учениците од општинските основни училишта во Кисела Вода на настава ќе се вратат во технолошки поопремени училници. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ „Рајко Жинзифов” во населбата Драчево, за каде се набавени седумнаесет смарт телевизори, информираат од општина Кисела Вода. Паралелно, како што е наведено во соопштението, осум училници во …

Повеќе »

Градоначалникот на Општина Илинден оствари средба со пратеник и заменик градоначалник од Република Србија

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со заменик градоначалникот на Општина Нова Црња од Војводина, Република Србија, господин Драган Даничиќ, како и пратеникот од таа Општина во покраинското Собрание на Војводина, господин Дејан Панич. На средбата се разговараше за идната можна соработка помеѓу Општина Илинден и Општина …

Повеќе »

Општина Кочани набавува 400 садници за пролетно пошумување и хортикултурно уредување

Општина Кочани реализира набавка на околу 400 хибридни садници од различни растителни видови, наменети за претстојното пролетно пошумување и хортикултурно уредување на повеќе локации во градското подрачје. За набавката на садниците од општинскиот буџет се планирани околу половина милион денари, со кои ќе се изврши проширување на површините со зеленило, …

Повеќе »

Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени Целзиусови, Лазарополе со -4 и Берово со измерени -3 степени. Најтопло било во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија, Демир Капија, со измерени 3 степени, и Дојран со измерени 4 степени Целзиусови. Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала …

Повеќе »

Забрана за тешки товарни возила на Пресека, укината забраната на Стража

втомото сојузот на Македонија информира дека од 06:35 часот утрово е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека. ОД АМСМ исто така информираат дека од 07:50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. сст/дма/ фото МИА архива

Повеќе »

Општината набави нови униформи за пожарникарите од Крива Паланка

Набавени се нови униформи за пожарникарите од Крива Паланка. Градначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски денеска ја посети Територијалната противпожарна единица по повод новонабавените униформи, комплетирани согласно потребите за нивната служба. –Општината изврши набавка на седумнаесет комплетно нови униформи: зимско палто, дуксер, панталони, маици со долг ракав, маици со краток ракав, поло капа и зимска капа. Набавката е извршена по четири години од …

Повеќе »

Разрешени директорите на ЈП „Комуналец“ и „Паркинзи“ во Битола

Општина Битола со соопштение до јавноста информира дека денеска од функцијата в.д. директорка на ЈП „Комуналец“- Битола разрешена е Гордана Наумовска. На нејзино место за в.д директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ е назначен Горан Степановски. Горан Степановски е економист кој доаѓа од раководната позиција на јавното претпријатие за изградба и …

Повеќе »

Без вода улицата „Рампо Левката“ и булевар „Партизански Одреди“

Поради менување на вентил во шахта ¾ на улица „Рампо Левката“ 15,  денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и булевар „Партизански Одреди“ 59. Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со работните активности. дма/лв/

Повеќе »

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

За три сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се исти како вчера. Со тоа, според резултатите  од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,57 метри повисок од просекот за јануари. Нивоата, пак, …

Повеќе »

Мамографот во Неготино докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција

Постоечкиот мамограф во Неготино е докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција. За ова денеска информираа од Јавната здравствена установа Здравствен дом Неготино. Оттаму соопштија дека населението од општините Неготино и Демир Капија, како и другите соседни општини, здравствените услуги на мамографот може да ги користи, преку системот …

Повеќе »