ЛОКАЛНО

Разрешени директорите на ЈП „Комуналец“ и „Паркинзи“ во Битола

Општина Битола со соопштение до јавноста информира дека денеска од функцијата в.д. директорка на ЈП „Комуналец“- Битола разрешена е Гордана Наумовска. На нејзино место за в.д директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ е назначен Горан Степановски. Горан Степановски е економист кој доаѓа од раководната позиција на јавното претпријатие за изградба и …

Повеќе »

Без вода улицата „Рампо Левката“ и булевар „Партизански Одреди“

Поради менување на вентил во шахта ¾ на улица „Рампо Левката“ 15,  денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и булевар „Партизански Одреди“ 59. Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со работните активности. дма/лв/

Повеќе »

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

За три сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се исти како вчера. Со тоа, според резултатите  од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,57 метри повисок од просекот за јануари. Нивоата, пак, …

Повеќе »

Мамографот во Неготино докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција

Постоечкиот мамограф во Неготино е докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција. За ова денеска информираа од Јавната здравствена установа Здравствен дом Неготино. Оттаму соопштија дека населението од општините Неготино и Демир Капија, како и другите соседни општини, здравствените услуги на мамографот може да ги користи, преку системот …

Повеќе »

Нападнат охриѓанец од тројца сограѓани

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид. Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. …

Повеќе »

Приведени две лица, претрес во Кавадарци, пронајден хероин

Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци вчера во 16:00 часот ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б.. Врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, информираа денеска од МВР, бил …

Повеќе »

На Попова Шапка снежна покривка од 26 сантиметри

До 7 часот утрово снежната покривка на Попова Шапка достигна 26 сантиметри, каде е и најстудено со измерени -3 степени Целзиусови. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово -2 степени се измерени во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Охрид и Претор, 4 во …

Повеќе »

Санкционирани девет возачи без возачка дозвола, осум под дејство на алкохол во Скопје

  Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство …

Повеќе »

Слаб снег провејува на Попова Шапка

Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена …

Повеќе »

Сообраќајот низ државата по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат утрово од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, …

Повеќе »