Breaking News

Разрешени директорите на ЈП „Комуналец“ и „Паркинзи“ во Битола


Општина Битола со соопштение до јавноста информира дека денеска од функцијата в.д. директорка на ЈП „Комуналец“- Битола разрешена е Гордана Наумовска. На нејзино место за в.д директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ е назначен Горан Степановски.


Горан Степановски е економист кој доаѓа од раководната позиција на јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници (ЈППЈЛП).


-Степановски во изминатиот период, како директор на ова претпријатие покажа високи резултати во организирањето и реализацијата на програмата за работа и работните задачи на претпријатието, но заради новиот ангажман на негово место, за в.д директор на ЈППЈЛП денес е назначен Зоран Михајловскидипломиран сообраќаен инжинер, соопштија од Општина Битола. мт/мд/