Breaking News

Општината набави нови униформи за пожарникарите од Крива Паланка


Набавени се нови униформи за пожарникарите од Крива Паланка.


Градначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски денеска ја посети Територијалната противпожарна единица по повод новонабавените униформи, комплетирани согласно потребите за нивната служба.


Општината изврши набавка на седумнаесет комплетно нови униформизимско палтодуксерпанталонимаици со долг ракав, маици со краток ракавполо капа и зимска капа. Набавката е извршена по четири години од последно реализираната во 2018 година, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Градоначалникот Митовски при средбата и разговорот со командирот Иле Коцевски и пожарникарите  посочи дека опремувањето на ТППЕ продолжува, како и излегувањето во пресрет на барањата на пожарникарите – спасители за максимална ефикасност на службата во интерес на граѓаните.


Најави дека во кординација со останати надлежни министерства и служби ќе биде набавена дополнителна опрема, а ќе се изврши и доекипирање на единицата. ид/мд/