Breaking News

ЛОКАЛНО

Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу, Таравари е повикан на утрешното партиско Собрание

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, фатмир Меџити и Азир Алиу. -Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, …

Повеќе »

ССМ поднесе барање до Судскиот совет за разрешување на тројцата врховни судии кои донесоа одлука за одземање на работничкиот дом

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе барање до Судскиот совет за утврдување на одговорност на тројцата врховни судии кои ја имаат донесено одлуката за одземање на работничкиот дом. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска пред Судскиот совет рече ССМ бара судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев и Исамедин Лимани …

Повеќе »

Почна собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на Меџити и Алиу

Со задоцонување од 2,5 часа, почна 143. собраниска седница на чиј дневен ред е разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, како и предлогот за именување на Илир Демири и Наим Бајрами на нивно место во овие два ресора. Барањето за …

Повеќе »

Снопче: АA од Џафери не побарала разрешување на министритe Алиу и Меџити

Пратеникот на Алијансата за Албанците денеска во изјава за медиумите истакна дека партијата не побарала разрешување на министритe за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу. -Сакам да известам дека Алијансата за Албанците не побарала такво нешто од Владата, од господинот Талат Џафери како технички …

Повеќе »

СОУ „Јане Сандански“- Штип победик на националниот турнир во друштвената игра за политичка едукација

СОУ „Јане Сандански“- Штип победи на првиот национален турнир за средношколци во друштвената игра „Изборологија“, организиран од Здружението ЛЕАД во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.   На турнирот се натпреварува 10 средни училишта од земјава. Овој настан, како што соопштија организаторите, не само што го истакна натпреварувачкиот дух меѓу учениците, …

Повеќе »

Исплатени 203,3 милиони денари дополнителна поддршка на 1 955 земјоделски стопанства за предадени јаболка

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што финансиска поддршка добија 1 955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203,3 милиони денари. Дополнителните субвенции од три денари за килограм, ги добија земјоделски стопанства корисници на …

Повеќе »

Бектеши: Треба да се репреговара со еден од четирите стратешки инвеститори во делот на енергетиката

– Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека треба да се репреговара со еден од вкупно четирите стратешки инвеститори во делот на енергетиката за кои согласно Законот за стратешки инвестиции Владата до Собранието достави предлог закони за реализација на стратешките инвестициски проекти, по скратена постапка, кои веќе го поминаа првиот …

Повеќе »

Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони

– Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина. …

Повеќе »

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Зголемен е интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, а најавено е и двосменско работење и работа в сабота, информираа денеска во Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје. Оттаму наведуваат дека по зголемениот број случаи со голема кашлица, од утрово зголемен е бројот на пациенти. Пред сѐ, пациенти …

Повеќе »

АСОМ: Остануваме на ставот за покренување правни постапки по изгласувањето на предлог измените на Законот за игри на среќа

Ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ја известуваме јавноста и сите надлежни институции, дека по изгласувањето на предлог измените на Законот за игри на среќа со Европско знаме на редовна пленарна седница на 07.02.2024 г., сме подготвени да ги преземеме сите правни механизми за спречување на овој …

Повеќе »