Breaking News

Zoran Popov

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

– Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената …

Повеќе »

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

– Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“. „Со историски прелет од Бордо до Загреб,  пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници …

Повеќе »

Српскиот Парламент ги усвои измените во Законот за локални избори

– Пратениците на српскиот Парламент ги усвоија измените на Законот за локални избори, со кои се овозможи локалните избори во градовите каде што не беа одржани во декември да се комбинираат со веќе најавените избори за градската власт во Белград, што ќе се одржат на 2 јуни, јави Бета.  За …

Повеќе »

Поради чести одрони во Дебарско се препорачува многу внимателно возење

Поради чести одрони и влажни коловози на патните правци, кои се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење. – Поради обилните дождови присутни на патните правци под наша надлежност има чести, но помали одрони од камен и …

Повеќе »

Фон дер Лајен: Европа ќе остане глобално срце на индустријата и иновациите 

Од последните европски избори во 2019 година, ЕУ се соочи со две кризи од историски размери – Ковид-кризата и војната во Украина, проследена со енергетска криза „произведена во Русија“, кои можеа да се претворат во драматична економска и социјална криза, но тоа не се случи поради големата отпорност на Европа, …

Повеќе »

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното. Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 2,14 метри понизок од повеќегодишниот просек …

Повеќе »

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

– Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“. Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела. …

Повеќе »

Националниот џез оркестар вечерва со концерт во  Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ вечер гостува во Велес, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот. “Од Националниот џез оркестар информираат дека на концертот „Џез Лектира“ се осврнуваат на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. …

Повеќе »

Повик за учество на средношколци од трета и четврта година на летен воен камп за млади во Црна Гора

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за одбрана објави повик за учество на пет средношколци од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади кој ќе се одржува од 24 јуни до 8 јули 2024 во Црна Гора заедно со средношколци од таа земја. Огласот е …

Повеќе »

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Вкупно 1. 547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион – Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во …

Повеќе »