Breaking News

Zoran Popov

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри. Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 …

Повеќе »

Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Мај, …

Повеќе »

Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Воцап

Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисници на апликацијата Воцап (WhatsApp), тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми. Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси …

Повеќе »

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески од име на пратениците и од  негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба. – Денешниот датум е уште една можност да се …

Повеќе »

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина. „За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, …

Повеќе »

Над 300 луѓе го загубија животот во поплави во Источна Африка

Повеќе од 300 луѓе го загубија животот во поплави во Кенија, Танзанија, Бурунди и Уганда, а поројните дождови кои ја зафатија Источна Африка не престануваат, јави ДПА. Само во Кенија животот го загубија 169 лица, соопшти денеска владиниот портпарол. Претходно, Кабинетот во Најроби одржа посебен состанок за да разговара за …

Повеќе »

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС). „Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна …

Повеќе »

Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина

Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години. Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески забележа дека најголем дел од домашните гости, …

Повеќе »

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година …

Повеќе »