Breaking News

Zoran Popov

Белата куќа со осуда за „малиот процент“ студенти и за предизвикување немири на универзитетите

Белата куќа осуди „мал процент студенти, поттикнувачи на немири“ по ноќните судири и апсења во одредени американски кампуси кои протестираат против војната во Газа. „Студентите имаат право да посетуваат настава и да се чувствуваат безбедно“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи: „Ќе продолжиме да нагласуваме дека …

Повеќе »

Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ. Денеска, пак, е последен ден за …

Повеќе »

Велигденско послание на г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, и да ги надминеме внатрешните разногласија и поделби

Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто …

Повеќе »

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), денеска на состанок во Женева ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Северна Македонија. – Северна Македонија е една од 14 држави што треба да бидат прегледани од …

Повеќе »

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение

Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. – Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на …

Повеќе »

Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ. Денеска, пак, е последен ден за …

Повеќе »

Крводарителска акција на ССНМ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска организира крводарителската акција во рамки на одбележувањето на 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Хуманата акција, како што информираат од ССНМ, ќе се одвива координирано на неколку локации во Скопје, Битола, Струмица и Штип, во терминот од 08:00 …

Повеќе »

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје. „Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените …

Повеќе »

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“. Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се …

Повеќе »

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

– Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот …

Повеќе »