Вкупно 14 моторни возила специјализирани за противпожарна заштита се движеа по кавадаречки улици со пуштени светлосни и звучни сигнали, на тој начин беше одбележан денешниот ден на пожарникарите.
Настанот беше организиран од Територијалната противпожарна единица.
Командирот на единицата Александар Чадамов потсети дека освен што гасат пожари, имаат и други технички интервенции, како тие при сообраќајни несреќи.
– Го формиравме и доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски“, заеднички работиме на едукација на најмладите и учениците од основно и средно образование, околу превенцијата и противпожарната заштита, но и околу елементарните непогоди.
Опремени сме добро, рече Чадамов.
Градоначалникот Митко Јанчев потсети дека е зголемен бројот на професионални пожарникари и сега ги има триесетина, а се осврна и на соработката со другите субјекти на полето на противпожарната заштита.
– Горд сум на пожарникарите, подвлече Јанчев, нагласувајќи дека континуирано се подобруваат условите за нивната работа. свд/мд/Фото: МИА .
Извор: МИА