Breaking News

Zoran Popov

Европа сега: Нов план на Европска Унија за Западен Балкан

Нови можности за „да ја донесеме ЕУ дома“, се отворија минатата недела со објавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен на новиот план за доближување на земјите од Западен Балкан до Европската Унија и нивна економска поддршка. Планот може да се сфати како подадена рака кон земјите …

Повеќе »

Тројца загинати и 10 повредени лица во руски напад со дрон врз Одеса

Три лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во денешниот утрински напад со дрон на руските сили врз украинскиот регион Одеса, јави украинската Јужна команда. Во нападот била погодена висококатница, предизвикувајќи пожар што е изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради. Руските сили користеа беспилотни летала од иранско …

Повеќе »

Волстрит журнал: Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море. Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој …

Повеќе »

Данијела Гачевиќ на чело на Секретаријатот на ЦЕФТА

Црногорската економистка Данијела Гачевиќ ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и ќе го замени досегашниот прв човек на оваа организација, Емир Џикиќ. Како што соопштија од ЦЕФТА, со повеќе од 15 години искуство во областа на меѓународната трговија, Гачевиќ носи богата експертиза и докажани резултати …

Повеќе »

Петровска од Вермонт: Во време на комплексни предизвици мораме да изнаоѓаме решенија за зацврстување на нашата колективна безбедност.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамки на посетата на САД, синоќа се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство помеѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт. – Пред три децении, нас не зближија нашата визија за единство и соработка како и нашите заеднички вредности. Низ изминатите …

Повеќе »

Деветмина ранети во вооружен напад во Сан Франциско, пукано од возило во движење

Полицијата во Сан Франциско соопшти дека ноќеска биле ранети девет лица во округот Мисион, откако врз нив било пукано од возило во движење. Пукањето се случило околу 21 часот по локално време. „Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката и се очекува сите да преживеат. Во моментов се …

Повеќе »

Колумбиската влада и герилците од ЕЛН во Хавана потпишаа договор за прекин на огнот

Колумбиската влада и левичарските бунтовници на Националната ослободителна армија (ЕЛН) потпишаа во Хавана привремен шестмесечен договор за прекин на огнот. Договорот за „национален и привремен билатерален прекин на огнот“, според кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, е потпишан во присуство на колумбискиот претседател Густаво Петро и лидерот на ЕЛН, …

Повеќе »

Екстремистите на групата Ал Шабаб нападнаа ресторан во Могадишу и убија седум лица, војската ги елиминира терористите

Екстремистите одгрупата Ал Шабаб ја презедоа одговорноста за нападот врз ресторан во Могадишу, главниот град на Сомалија, во кој загинаа најмалку седум лица. Нападот на популарниот ресторан во хотел на плажа се случи вчера во раните утрински часови. „Безбедносните сили успешно ги неутрализираа милитантите на Ал Шабаб кои беа одговорни …

Повеќе »

Делегација на македонската полиција во посета на Шибенско-книнската жупанија

Помошникот министер за внатрешни работи Муамет Реџепи и заменик-директорот на Секторот за униформирана полиција, Шефик Бајрами престојуваат во дводневна посета на Полициската управа на Шибенско-книнската жупанија во Хрватска. Како што соопшти МВР, станува збор за пријателска возвратна посета, што се реализира на иницијатива на невладината организација Хрватско-македонска тангента, со седиште …

Повеќе »

Средба Кан – Мадуро: Меѓународниот кривичен суд отвора канцеларија во Венецуела за да истражува можни злосторства

Меѓународниот кривичен суд (МКС) отвора канцеларија во Венецуела, изјави вчера обвинителот Карим Кан, по состанокот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро.  МКС ќе истражува во Венецуела можни злосторства против човештвото. МКС се надева на „поблиска соработка“ со Венецуела и ќе помогне во спроведувањето на судските реформи, гарантирајќи „повеќе правда“ во јужноамериканската …

Повеќе »