Breaking News

Европа сега: Нов план на Европска Унија за Западен Балкан


Нови можности за „да ја донесеме ЕУ дома“, се отворија минатата недела со објавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен на новиот план за доближување на земјите од Западен Балкан до Европската Унија и нивна економска поддршка.


Планот може да се сфати како подадена рака кон земјите од регионот, чиј процес на пристапување низ годините беше проследен со голем број предизвици.


Како што посочи и самата Фон дер Лајен на GLOBSEC форумот во Братислава – „новиот пристап на ЕУ е не само да бара од партнерите да направат чекор кон ЕУ, туку и ЕУ да направи голем исчекор кон нив, а заедничка цел е да се забрза процесот“.

  .


Извор: МИА