Toni Ivanoski

Министерот Спасовски во работна посета на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета на Словенија, каде во Порторож ќе учествува на 11. Неформален состанок на министри за внатрешни работи во рамки на Брдо Процесот. Како што соопшти МВР, на маргините на Конференцијата Спасовски ќе има билатерален состанок со неговиот словенечки колега …

Повеќе »

Онлајн консултации на Делегацијата на ЕУ со граѓански организации

Делегацијата на Европската унија во земјава денеска, од 12:00 до 13:30 часот, ќе одржи онлајн консултации за програмирање на ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанско општество за периодот 2024-2025 година. Консултациите ќе ги отвори Штефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската унија во Скопје. – Дискусиите ќе …

Повеќе »

Конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

Во организација на Фондацијата Метаморфозис денеска во Скопје ќе се одржи конференција под наслов „Дигитална трансформација за граѓаните”. На конференцијата е предвидено да се обратат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. …

Повеќе »

Поставување камен-темелник на автопатската делница Тетово – Гостивар од Коридорот 8

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува на настан по повод поставувањето камен-темелник на проектот Коридор 8, што ќе се одржи кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар. Како што соопшти владината Прес-служба, покрај Ковачевски, на настанот, меѓу другите, ќе присуствуваат и ќе се обратат и првиот вицепремиер и министер …

Повеќе »

И Љубљана со апел кај сите да преовлада разумот за продолжување на евроинтеграцијата на земјава

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера се придружи на апелот што претходно го упатија повеќемина претставници на ЕУ и лидери на земји членки на Унијата, државава да ги спроведе уставните измени и да не си ги блокира сама своите европски перспективи. По средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Љубљана, Голоб истакна …

Повеќе »

Неколку лица се тешко повредени кога воз излета од шините во Холандија

Неколку лица се тешко повредени кога воз излета од шини во Холандија рано утринава. Патничкиот воз излетал од шините откако удри во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Во …

Повеќе »

Од утре „замрзнати“ цени на 11 видови овошје и зеленчук, надлежните со апел трговците да бидат општествено поодговорни

Од утре ќе бидат ограничени максималните цени на 11 видови овошје и зеленчук. Како што соопштија на вчерашната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, со оваа одлука ќе бидат опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот. …

Повеќе »

Прекин на водоснабдувањето во дел од населбата Кисела Вода

Поради поврзување од старата на нова водоводна мрежа ф-200 милиметри на „Димо Хаџи Димов“ број 29, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и дел од улицата „Божидар Аџија“ во населбата Кисела Вода. Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин …

Повеќе »

Трамп денеска ќе се појави пред суд во Њујорк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење во врска со наводите за сексуална афера со Трамп. Откако беше објавено …

Повеќе »

Без струја реонот кај „Хубо Маркет“ во Карпош и Долно Соње

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во реонот кај „Хубо Маркет“ во Карпош и во селото Долно Соње. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на добиените информации од „ЕВН Македонија“ во период од …

Повеќе »