Breaking News

Министерот Спасовски во работна посета на Словенија


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета на Словенија, каде во Порторож ќе учествува на 11. Неформален состанок на министри за внатрешни работи во рамки на Брдо Процесот.


Како што соопшти МВР, на маргините на Конференцијата Спасовски ќе има билатерален состанок со неговиот словенечки колега Боштјан Покљукар, а на покана на Меѓународниот институт ИФИМЕС, во Љубљана ќе учествува и на тркалезна маса на тема „Како Западен Балкан да биде подобар и попросперитетен – сигурносен аспект“.


Во попладневните часови Спасовски ќе ја посети Македонската православна црква „Богојавление Водици” во Копер, каде ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора. сп/мд/