Breaking News

Ангеловска-Бежоска: Денарските депозити бележат раст од 11%, девизните од 3%, што упатува на доверба во домашната валута


Довербата на нашите граѓани во денарот се огледа преку последните податоци за депозитите, според кои штедењето во домашна валута бележи раст од 11%, додека во девизи од 3%.


Стабилноста на курсот на денарот, којшто претставува столб на макроекономската стабилност, се гледа преку сите показатели, од кои најважни се девизните резерви коишто се повисоки во однос на претпандемичниот период.


До крајот на годината се очекува дека тие ќе надминат четири милијарди евра, главно благодарение на позитивните движења на девизниот пазар и откупот на девизи од страна на централната банка, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

.


Извор: МИА