Breaking News

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за месец март


ЕСМ продажба објави јавен повик за набавка на природен гас за месец март годинава за останати потрошувачи на природен гас во земјава кои снабдувањето ќе го вршат преку оваа компанија.


-ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец март 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба, соопштуваат од компанијата.


Јавниот повик трае од денеска до 24-ти месецов и понудувачите на него треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, но и вкупна количина која се нуди.

Исто така потребна е и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за месец март на точка на испорака главна мерна станица (ГМС) Жидилово Република Северна Македонија.


Јавниот повик е објавен на веб страницата на ЕСМ АД www.esm.com.mk. сст/са/